4NEWS.mk

Високи казни, депортации, па и доживотна забрана за влез: Индонезија воведува строги правила за странските инфлуенсери

Високи казни, депортации, па и доживотна забрана за влез: Индонезија воведува строги правила за странските инфлуенсери

Индонезија воведе драстично построги визни правила со цел да им застане на патот на странските инфлуенсери и креатори на содржини кои работат на егзотичниот остров Бали користејќи обични туристички визи.

Според новата регулатива, секое објавување содржина на интернет со цел заработка, спонзорство или промоција на производи се смета за прекршување на условите за туристички престој. Властите одат дотаму што нагласуваат дека казна ќе има дури и ако содржината биде објавена откако инфлуенсерот веќе ја напуштил земјата, пренесува New York Post.

Засилен надзор на социјалните мрежи и депортации

Индонезиските власти веќе започнаа со масовни контроли. Специјалната имиграциска патрола „Dharma Dewata“ веќе приведе десетици странски државјани.

Службениците не само што физички ги патролираат популарните места каде се собираат дигиталните номади (како Чангу и Убуд), туку и активно ги следат активностите на социјалните мрежи. На прекршителите им се закануваат:

  • Високи парични казни
  • Експресна депортација
  • Доживотна забрана за влез во Индонезија

Поради ова, австралиското Министерство за надворешни работи веќе упати официјално предупредување до своите граѓани дека за каква било деловна активност на Бали мора да поседуваат соодветна работна виза.

Кога инфлуенсерството станува „нелегална работа“?

Главната дилема меѓу патниците е што точно индонезиските власти дефинираат како „работа“. Локалната имиграциска служба појасни дека не мора да станува збор за класична фискална плата за да се прекрши законот.

„Имиграциските власти ја земаат предвид целта на престојот, типот на активноста и дали зад неа стои некаква економска корист“, појаснуваат од службата.

Што сè се смета за прекршок под туристичка виза?

АктивностСтатус под туристичка виза
Професионални услуги (фотографирање, шмнкање, снимање)ЗАБРАНЕТО
Спонзорирани објави и промоција на брендовиЗАБРАНЕТО
Колаборации во замена за бесплатен смештај или производиЗАБРАНЕТО
Волонтерство и научно-истражувачка дејностЗАБРАНЕТО

Целта е заштита на локалниот туризам

Официјалните лица во Индонезија тврдат дека овие мерки не се насочени против „обичните“ туристи, туку против оние кои го злоупотребуваат системот за профит.

Фелусија Сенгки Ратна, раководителка на регионалната Имиграциска дирекција за Бали, изјави дека контролите се спроведуваат сеопфатно со цел да се зачуваат безбедноста и стабилноста на островот. Властите апелираат до сите инфлуенсери и дигитални номади пред да тргнат за Бали, детално да проверат дали нивната виза одговара на активностите што планираат да ги прават таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни