Претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој престојува во турската престолнина Анкара за Самитот на лидерите на НАТО, утрово го одработи утринското трчање во паркот „Сегменлер“ во општината Чанкаја.
Во раните утрински часови тој излезе од хотелот каде што е сместен и, заедно со придружбата, преку улиците Аргентина и Иран влезе во паркот. На поздравите и добредојденијата од присутните новинари, Макрон возврати на француски јазик.
Поради неговото трчање, паркот „Сегменлер“ привремено беше затворен за граѓаните, а на новинарските екипи не им беше дозволен влез. Под засилени безбедносни мерки, Макрон трчаше околу еден час, по што се врати во хотелот.
На утринскиот тренинг му се придружи преведувачот на Ердоган за француски јазик, Хамза Гедикоглу. По учеството во официјалната програма во рамки на Самитот на НАТО, се очекува претседателот на Франција да одржи прес-конференција.
