Сообраќајна несреќа попладнево предизвика огромен застој на автопатот Тетово – Скопје, во непосредна близина на патарината на влезот кон главниот град.
Според информациите од терен, поради несреќата сообраќајот се одвива крајно отежнато, а на патарината е формирана голема колона од возила.
Се повикуваат сите возачи кои се движат на оваа делница да возат крајно внимателно и со намалена брзина (полека), да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат трпеливи додека целосно не се расчисти коловозот.