Свет

Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев, ќе најави нови чекори за интеграција на европските и украинските одбранбени индустрии

Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев, ќе најави нови чекори за интеграција на европските и украинските одбранбени индустрии

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев, каде што најави дека ќе соопшти нови мерки за продлабочување на интеграцијата меѓу европските и украинските одбранбени индустрии, јави Ројтерс.

Во објава на социјалната мрежа Икс, фон дер Лајен наведе дека ќе претстави иницијативи за подобро поврзување на одбранбените капацитети „за да обезбедиме поголемо и побрзо производство“, објавувајќи и фотографија од своето пристигнување во украинската престолнина.

Посетата следи по учеството на фон дер Лајен и украинскиот претседател Володимир Зеленски на воената парада по повод Денот на Бастилја во Париз на 14 јули.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни