Балкан

Град во Хрватска забрани ноќна продажба на алкохол во продавниците

Град во Хрватска забрани ноќна продажба на алкохол во продавниците

Загреб, 15 јули 2026 — Хрватскиот крајбрежен град Макарска ја забрани продажбата на алкохолни пијалаци во трговските објекти во ноќните часови, со што стана прв град во Хрватска што воведува ваква мерка, јави хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Забраната ќе важи на територијата на целиот град од 21 часот навечер до 6 часот наутро и се однесува на сите продавници и други трговски објекти, меѓу кои и пекарници и продавници за тутун. Работното време на трговските објекти останува непроменето, а ограничувањето не се однесува на рестораните.

Од Општина Макарска потсетуваат дека за време на летните месеци, особено во стариот дел на градот и на градските плажи, се бележат масовни собирања на јавни простори, кои често се проследени со силна бучава, непристојно однесување, создавање големи количества отпад и чинoви на вандализам во историското јадро.

Според општината, мерката има за цел да се надмине проблемот што директно е поврзан со доцноноќниот пристап до алкохол. „Решението е насочено кон воспоставување рамнотежа меѓу квалитетот на животот на граѓаните, економскиот интерес, потребите на посетителите, како и зачувувањето на културното наследство и идентитетот на градот, во согласност со определбата на Макарска за развој што е одржлив и во служба на граѓаните“, се наведува во соопштение на општината, цитирано од „Јутарњи лист“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни