Балкан

ВИДЕО Ајкула се појави во плиткото на грчка плажа, капачите во неверување

ВИДЕО Ајкула се појави во плиткото на грчка плажа, капачите во неверување

Капачите на плажата Кацадија на грчкиот остров Липси доживеале необична средба кога во плитките води, веднаш покрај брегот, се појавила ајкула. Морското животно мирно пливало во близина на луѓето, без знаци на агресивно однесување, а присутните успеале да го снимат несекојдневниот момент.

Според неофицијалните проценки врз основа на видеоснимките, ајкулата најверојатно припаѓа на родот Mustelus од семејството Triakidae. Овие видови во Грција се познати како галеоси и вообичаено не се сметаат за опасни за човекот, пренесува „Lerosnews“.

Сепак, експертите предупредуваат дека точниот вид на ајкулата не може со сигурност да се утврди само од видео материјал и дека за прецизна идентификација е потребна дополнителна анализа.

Ајкулите од родот Mustelus се ‘рскавични риби, што значи дека нивниот скелет е изграден од ‘рскавица, а не од коски. Токму поради нивната појава толку блиску до брегот, несекојдневната глетка предизвика големо внимание меѓу туристите, кои веднаш ги извадиле телефоните и го забележале моментот.

Погледнете го видеото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни