Свет

Индиската претседателка Драупади Мурму пристигна во Скопје

Индиската претседателка Драупади Мурму пристигна во Скопје

Претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, вечерва пристигна во официјална посета на земјава. На скопскиот аеродром таа беше пречекана со високи државни почести, со што официјално започна нејзината агенда во Македонија.

Во рамките на официјалната посета предвидени се серија високи билатерални средби и активности со македонскиот државен врв.

Оваа посета се оценува како важен чекор за потврдување на одличните односи меѓу двете држави, а се очекува да даде и дополнителен, нов поттик за унапредување на политичката дипломатија и продлабочување на економската соработка во повеќе сектори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни