Breaking ФОТО Се сруши 60 метарскиот јарбол со македонското знаме кај Ист Гејт
Свет

Британските премиери се менуваат на „Даунинг стрит“ 10, но мачорот Лари останува

Британските премиери се менуваат на „Даунинг стрит“ 10, но мачорот Лари останува

Лари – најпознатиот мачор во Обединетото Кралство – денес го пречекува својот седми цимер на „Даунинг стрит“ 10, откако повеќе од петнаесет години слободно шета низ ходниците на власта, јави агенцијата Франс прес.

„Политичарите доаѓаат и си заминуваат, мачките остануваат“, стоеше во шеговита објава на Лари на платформата Икс, додека го очекуваше пристигнувањето на новиот британски премиер Енди Бернем, кој го наследи Кир Стармер. Во истиот дух беа и „инструкциите“ за дневниот распоред: Лари сака да појадува во 9 часот, да грицка околу 10:30 и да руча во 12 часот, со многу мали меѓуоброци помеѓу.

Лари пристигна во официјалната резиденција на британскиот премиер на 15 февруари 2011 година од прифатилиштето за кучиња и мачки во Батерси, со задача да ги пости мишките на местото каде што се носат важни одлуки. Има сопствена страница на официјалниот сајт на „Даунинг стрит“ 10, каде што е претставен како „главен ловец на глувци“. Според тоа опишување, Лари ги минува деновите поздравувајќи гости, „проверувајќи ги безбедносните системи“ и тестирајќи ја удобноста на антиквитетниот мебел за дремка.

Неговата точна возраст не е официјално објавена, но во профилот на Икс се наведува дека има 19 години. Во годините поминати на „Даунинг стрит“ 10, Лари видe седум премиери: пред Енди Бернем, тоа беа Дејвид Камерон, Тереза Меј, Борис Џонсон, Лиз Трас, Риши Сунак и Кир Стармер.

Како вистинска ѕвезда меѓу мачките, Лари има профил на Икс со повеќе од 900 илјади следбеници. Тоа е хумористичен профил, воден од анонимен корисник, во кој влијателниот мачор меѓу видеата за своите сограѓани миленици се жали на времето и со задоволство им се потсмева на политичарите. Првите сто дена на Лари на „Даунинг стрит“ 10 беа тема на книгата „Дневниците на Лари“, објавена во октомври 2011 година. Во склад со неговиот статус на светска ѕвезда, тој редовно „го краде“ вниманието на странските лидери што ја посетуваат официјалната резиденција на британскиот премиер – како во декември минатата година, кога беше фотографиран на скалите при пристигнувањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во двете години додека Кир Стармер беше на функцијата, Лари мораше да се навикне на присуството на домашните мачки на семејството – Џоџо и Принс. „Даунинг стрит“ 10 не е само канцеларија, туку и дом за актуелните премиери кои избираат да живеат таму. Претстои да се види како ќе се одвива соживотот на Лари со новиот премиер, чие семејство има куче, доколку Енди Бернем реши да го напушти подрачјето на Манчестер и да се пресели во Лондон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни