Македонија

Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје – ЦУК со апел до граѓаните

Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје – ЦУК со апел до граѓаните

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика огромен број пријави од граѓани до Единствениот број за итни случаи 112.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во периодот од 17:00 до 21:00 часот биле примени повеќе од 8.300 повици.

Операторите на 112 работат со полн капацитет, а поради зголемениот број на јавувања уште во првиот час биле ангажирани и дополнителни смени за да можат да одговорат на барањата на граѓаните.

„И во моментов сè уште има зголемен интензитет на повици од граѓаните, а сите примени пријави континуирано се процесираат и се проследуваат до надлежните институции и служби“, соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Од ЦУК упатуваат апел до граѓаните за трпение и разбирање поради исклучително големиот број повици. Граѓаните кои не успеале веднаш да воспостават контакт со 112, материјалните штети можат да ги пријават и во текот на утрешниот ден.

Пријавите ќе бидат евидентирани и проследени до надлежните служби за понатамошно постапување.

Силното невреме во Скопје предизвика бројни последици – паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, оштетени возила и блокирани улици, поради што повеќе екипи се на терен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни