Драматичните кадри снимени од панорамските камери кај Милениумскиот крст на Водно најдобро сведочат за моментот кога започна вчерашното незапаметено невреме, кое подоцна остави пустош низ главниот град.
На фотографијата е уловен самиот почеток на природната стихија — моментот кога огромен, темен фронт од облаци и силен дожд буквално ја „голта“ скопската котлина. Само неколку минути по овој кадар, силниот ветер и поројните врнежи се спуштија во ниските делови на градот, предизвикувајќи колапс во сообраќајот и сериозни материјални штети.
Вчерашниот ден се покажа како еден од најкритичните во изминатиот период, со оглед на тоа што преку бројот 112 беа регистрирани над 9.000 повици за помош од граѓани. Оваа слика од Водно останува како суров визуелен потсетник за брзината и силината со која невремето удри врз Скопје.