По силното невреме што вчера го зафати Скопје, во Ургентниот хируршки центар биле примени вкупно 11 пациенти со повреди.
Според информациите од здравствените власти, кај тројца пациенти биле констатирани тешки телесни повреди, додека осуммина се здобиле со полесни повреди.
Една пациентка, која се здобила со повреда на главата и скршеница на десната потколеница, е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија.
На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и пациент со скршеница на левата потколеница. Пациентка со скршеница на левиот рачен зглоб, по укажаната медицинска помош, е пуштена на домашно лекување.
Останатите пациенти, по извршените прегледи и неопходниот медицински третман, биле соодветно згрижени согласно нивната здравствена состојба.