Вчерашното незапаметено невреме кое го погоди главниот град предизвика оштетувања и на еден од најпрепознатливите историски симболи на Скопје.
Од силните удари на ветерот и поројниот дожд претрпел оштетувања и легендарниот часовник на зградата на Музејот на град Скопје — истиот оној кој со децении стои замрзнат во 5:17 часот како потсетник на катастрофалниот земјотрес од 1963 година.