Македонија

Пожар во стан во Кичево, пронајдено тело на 37-годишно лице

Пожар во стан во Кичево, пронајдено тело на 37-годишно лице

На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната противпожарна единица Кичево, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“. во Кичево.

Од екипа на ТППЕ Кичево пожарот бил изгаснат, а во станот било пронајдено опожарено телото на С.С.(37) од Кичево.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни