ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.М.(51) од дебарското село Селокуќи и Ф.А.(22) од Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 22.06.2026 во 15:48 часот на Градска депонија во Дебар, каде А.М. бил вработен, започнале расправија со две лица од Дебар и притоа второпријавениот, кој не бил вработен во депонијата, со алат нападнал еден од работниците и избегал.