Свет

Топлотен бран во Малта: Нема струја

Топлотен бран во Малта: Нема струја

Во главниот град на Малта, Валета, како и вчера и денеска имаше прекини во снабдувањето со електрична енергија поради топлотниот бран. Со прекини се соочија и другите делови на островот.

Поради немање струја денеска беше накратко прекинато судењето на бизнисменот обвинет за учество во убиството на новинарката Дафне Каруане Галиција во 2017 година.

За време на вчерашните прекини во електроснабдувањето без струја останаа и кабинетот на премиерот и неколку министерства.

Државната енергетска компанија „Енемалта“ соопшти дека прекините во снабдувањето со електрична енергија се предизвикани од дефекти во дистрибутивната мрежа поради екстремните температури и рекордната потрошувачка на струја.

На Малта завршува топлотниот бран при што температурите се искачија до 42 степени Целзиусови. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни