Свет

Хеликоптер се урна близу Анкара

Хеликоптер се урна близу Анкара

Во локалитетот Темели, во општината Синџан, во Анкара, учебен хеликоптер се урна во нива. На местото на настанот беа упатени бројни екипи за итна помош и спасување.

Според првичните информации, двајца лица беа повредени, јави Хуријет.

Подоцна беше соопштено дека пилотот, пензионираниот полковник Јасаозден Баккал, кој учествувал во тренажен лет, починал по несреќата.

За случајот е отворена истрага од Главното јавно обвинителство на Западна Анкара.

Министерот за правда на Турција, Акин Гурлек, информираше дека пензионираниот полковник Јасаозден Баккал, еден од двајцата што биле во хеликоптерот, починал во болницата каде што бил хоспитализиран.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни