Магазин

Најследениот лет: Зошто илјадници луѓе го следат овој авион?

Најследениот лет: Зошто илјадници луѓе го следат овој авион?

Илјадници луѓе го следат летот на авионот Airbus A350-1000ULR, кој е специјално произведен за австралиската авиокомпанија Qantas. Станува збор за проектот Sunrise, првпат најавен во 2017 година, чија цел е да ги поврзе Сиднеј со Лондон и Њујорк со директни летови без застанување.

Оваа недела австралискиот превозник го претстави својот прв револуционерен авион за ултрадолги летови во производствениот погон на Airbus во Тулуз, а истовремено најави дека првата линија Сиднеј – Лондон ќе биде воспоставена во октомври 2027 година.

Авионот, кој е дел од овој проект, во четвртокот го започна своето прво патување од Тулуз, Франција, кон Мелбурн, Австралија.

Се очекува овој авион да има најголем дострел на лет од кој било патнички авион досега.

Тој полетал од Франција во четврток во 7:33 часот по локално време, а летот ќе трае околу 19 часа. Слетувањето во Мелбурн е предвидено за петок околу 10:30 часот по локално време.

Веднаш по полетувањето, овој лет стана најследениот лет во светот на платформата Flightradar24, која ги следи движењата на авионите. Во еден момент, летот го следеле повеќе од 10.000 луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни