СКОПЈЕ, 23 јули – Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево вклучи воздухопловни и теренски сили како поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита, која се бори со големиот пожар над селото Копаница во Општина Сарај.
Според информациите од ДЗС, на терен се испратени:
- 2 противпожарни авиони „Air Tractor“ за дејствување од воздух.
- 2 теренски возила „Пинцгауер“ на ДЗС за поддршка на пожарникарите на непристапниот терен.
Пожарникарите и тимовите на ДЗС работат во координација за да го стават огнот под контрола и да спречат негово понатамошно ширење кон населени места. Ситуацијата се следи континуирано.