Забава

Нов успех на Манчевски: Документарецот „Добри луѓе“ за трагедијата во Кочани со светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал

Нов успех на Манчевски: Документарецот „Добри луѓе“ за трагедијата во Кочани со светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал

Најновиот долгометражен документарен филм на Милчо Манчевски, „Добри луѓе“, својата светска премиера ќе ја доживее на 16 август во рамките на престижниот Сараевски филмски фестивал. Ова остварување ќе се натпреварува во Официјалната селекција за награди на фестивалот, кој важи за најреномиран и најзначаен филмски настан во Југоисточна Европа.

Она што го прави овој проект специфичен е начинот на кој е снимен. Во период кога авторот беше ставен на т.н. „црна листа“ од страна на Агенцијата за филм, Манчевски одлучи филмот да го финансира во целост со сопствени средства. Како што нагласува самиот, овој чекор е направен во знак на длабока почит кон жртвите и хероите од Кочани.

„За деца, за внуци“, изјави Манчевски, објаснувајќи го мотивот зад овој проект.

Филмот „Добри луѓе“ е реализиран од Манчевски и минимална документарна екипа, целосно независно и без никаква финансиска поддршка од државата. Прифаќањето на филмот во главната натпреварувачка програма во Сараево уште еднаш го потврдува меѓународното реноме на македонскиот режисер, овој пат преку документарната форма.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни