Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија излезе со проширена официјална реакција преку социјалната мрежа X (Твитер), упатувајќи најостра осуда за непрекинатите напади и закани од страна на Хутите во регионот.
Од македонското дипломатско претставништво подвлекуваат дека ваквите дејствија претставуваат неприфатлива ескалација која директно ја загрозува глобалната безбедност и меѓународната трговија.
Целосна порака од МНР:
„Најостро ги осудуваме нападите и заканите на Хутите насочени против Кралството Саудиска Арабија, вклучително и сите акции кои имаат за цел нарушување на комерцијалниот поморски сообраќај и слободата на пловидба во Црвеното Море.
Овие непромислени акти ги загрозуваат човечките животи, меѓународната трговија и регионалната безбедност и претставуваат неприфатлива ескалација.
Стоиме во солидарност со Саудиска Арабија и повикуваме на итен прекин на сите напади и закани.“