Македонија

Управител од Новаци пријавен за злоупотреба на службена должност, оштетен буџетот за над 549 илјади денари

Управител од Новаци пријавен за злоупотреба на службена должност, оштетен буџетот за над 549 илјади денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т.(47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“.

Пријавениот, во својство на управител на правно лице од с.Новаци, на 29.05.2023 и на 29.12.2023 склучил договори за привремено вршење на услуги во однос на јавни набавки за вкупен период од 19 месеци со вработена на која работниот однос во правното лице било со решение за мирување на работен однос од 02.05.2023, и покрај тоа што во правниот субјект биле вработени две лица со валидни сертификати за лица за јавни набавки.

На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на правниот субјект во износ од 549.060 денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни