Возењето ќе се реализира со панорамски автобус, а граѓаните ќе бидат придружувани од професионален водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници. Присутните ќе имаат единствена можност да дознаат како изгледало предземјотресно Скопје, да ги слушнат приказните за урнатите објекти и да ги откријат локациите кои некогаш го дефинирале духот на градот.
- Поаѓање: 10:00 часот пред Порта „Македонија“.
- Пријавување: Сите заинтересирани може да го резервираат своето место на телефонскиот број +389 71 250 419.
„Да се потсетиме на минатото, да ја чуваме меморијата за Скопје и да ја пренесуваме неговата приказна на идните генерации“, порачуваат од Град Скопје.