На 24.07.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил пронајден починат Р.Р.Ц.(43) од САД.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.