Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната за пиење останува до утре

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната за пиење останува до утре

И вториот последователен примерок од водата во Крушево покажа дека таа е бактериолошки исправна и има соодветен резидуален хлор, но забраната за нејзино пиење и домашна употреба останува во сила. Жителите ќе мора да ги почекаат резултатите од третата, последна анализа, кои се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Директорот на Центарот за јавно здравје – Прилеп, Горан Кузески, појасни дека процедурата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) наложува три последователни чисти примероци за да се укине рестрикцијата.

Проблемот настана минатиот понеделник, на 20 јули, кога редовната анализа покажа бактериолошка неисправност, по што АХВ експресно ја забрани водата за секаква намена, освен како техничка. Оттогаш, крушевчани се снаоѓаат купувајќи пакувана вода или носејќи од околните извори. Првиот чист примерок беше потврден во саботата, а со утрешните резултати се очекува конечно нормализирање на состојбата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни