Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на ѕидовите е испишан графит со содржина „УЧК“. Инцидентот на социјалните мрежи го објави и остро го осуди министерот за локална самоуправа и лидер на ДПСМ, Иван Стоиљковиќ.

Стоиљковиќ го оцени овој чин како израз на ксенофобија и шовинизам насочен кон српската заедница во Македонија. Тој потенцираше дека во ова друштво со фолклор се занимаваат повеќе од 200 деца и побара од институциите и јавноста најостро да го санкционираат ваквиот вандализам.

Случајот е веќе пријавен во СВР Куманово. Од полицијата потврдија дека нивни екипи извршиле увид на местото на настанот и во моментов се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни