Свет

Порше крати уште 5.000 работни места во Германија поради пад на продажбата во Кина

Порше крати уште 5.000 работни места во Германија поради пад на продажбата во Кина

Производителот на луксузни автомобили „Порше“ (Porsche) објави дека до 2035 година ќе укине дополнителни пет илјади работни места во Германија. Со ова, вкупниот број на отпуштања во германските погони ќе достигне речиси девет илјади соработници.

Од компанијата соопштија дека ова кратење ќе се спроведе на „општествено одговорен начин“, главно преку природен одлив на вработените, проширување на програмите за предвремено пензионирање и доброволни прекини на договорите со исплата на отпремнини. Воедно, управата во договор со работничкиот совет ги продолжи гаранциите за вработување и зачувување на производството во матичните погони до 2035 година, најавувајќи инвестиција од 2,1 милијарди евра во фабриките во Цуфенхаузен и Вајсах.

Овие мерки се дел од новиот пакет за реструктурирање што минатата недела го одобри надзорниот одбор на „Порше“. Како што пренесува Ројтерс, работењето на германскиот гигант е сериозно оптоварено од силниот пад на продажбата на кинескиот пазар, американските царини, како и од погрешните проценки при транзицијата кон производство на електрични возила. Претходно, под водство на поранешниот извршен директор Оливер Блуме, компанијата веќе најави укинување на 3.900 работни места во регионот на Штутгарт до 2029 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни