Свет

Путин потпиша указ за зголемување на руската армија на 2,4 милиони луѓе

Путин потпиша указ за зголемување на руската армија на 2,4 милиони луѓе

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот потпиша указ со кој вкупниот број на припадници и вработени во руските вооружени сили се зголемува на 2.426.130 лица, од кои 1.535.000 се активен воен персонал.

Според документот објавен на официјалниот државен портал, ова зголемување е поврзано со формирањето на нови воено-градежни единици во рамките на Вооружените сили на Руската Федерација. Новата одлука ќе стапи на сила на 1 август.

Со овој указ, вкупната бројка на персонал во руската армија се зголемува за 27.000 луѓе, додека бројот на активни војници порасна за 25.000 во споредба со претходната одлука на Путин. Минатиот месец, поточно на 12 јуни, рускиот претседател веќе го имаше зголемено вкупниот број на припадници на 2.399.130 лица, вклучувајќи 1.510.000 војници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни