Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите, но сè уште е забранета за пиење и за подготовка на храна.

Најновите анализи покажаа дека во водоводната мрежа веќе нема присуство на колиформни бактерии, но надлежните сè уште не можат да потврдат кога водата ќе биде целосно безбедна за конзумирање. Во меѓувреме, здравствениот биланс бележи нови случаи – Министерството за здравство соопшти дека вчера биле прегледани уште 127 лица со симптоми на ентероколит.

Оваа делумна релаксација на мерките не ги намали редиците пред пунктовите за флаширана вода. Скептицизмот и стравот кај гостиварци се на високо ниво, па голем дел од нив изјавуваат дека нема да ја користат водата од чешмите ниту како техничка сè додека не се прогласи нејзина целосна исправност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни