Балкан

Земјотрес од 4,7 степени ја погоди Грција, почувствуван и во регионот

Земјотрес од 4,7 степени ја погоди Грција, почувствуван и во регионот

Силн земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во Грција. Според првичните податоци, потресот се случил во 20:10 часот по универзално време (односно во 22:10 часот по локално време).

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека епицентарот на земјотресот бил лоциран на 20 километри северозападно од градот Јанина и на околу 149 километри западно од Лариса.

Потресот се случил на исклучително мала длабочина од само 5 километри под површината на земјата, што придонело да биде силно почувствуван од населението во околните градови, но и во пограничните предели на регионот.

Параметрите на земјотресот се официјално прегледани и потврдени од сеизмолози. Засега нема информации за евентуални материјални штети или повредени граѓани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни