Живееше во еден манастир близу градот со десетмина ученици. Во времето на Диоклецијан во Севастија дојде Филомарх, лут мачител на христијаните.
Испофаќа и уби мнозина христијани од градот. Кога Филомарх ги виде Атиноген и неговите ученици, му рече на старецот да им принесат жртви на идолите за да не загинат како што пострадаа другите христијани. Атиноген му одговори: „О мачителу, тие што ги нарекуваш загинати не се загинати, туку на небото ликуваат со ангелите.
“ Се памети трогателна глетка со една срна, којашто порано се хранеше од рацете на Атиноген, кога го виде во неволја, притекна кај него и пролеваше солзи.
И горските ѕверови имаа повеќе сострадалност кон Христовите маченици отколку незнабошците.
После тешки мачења, при коишто ангел Господов ги ублажуваше мачениците, сите беа убиени со меч: најпрво свештениците и сотрудниците на Атиноген, а потоа и самиот Атиноген.
Во небесната татковина се преселија во 311 година.