Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

Новата фаза од третманот против возрасни комарци во Скопје ќе се реализира утре и задутре со авионска дезинсекција, соопштија од Град Скопје.

Од градските власти појаснуваат дека акцијата ќе се спроведе доколку временските услови бидат поволни. Во случај на дожд или засилен ветер, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден кога ќе има соодветни услови, за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

„Град Скопје континуирано ги спроведува сите активности во согласност со законските прописи и стручните препораки, со цел намалување на популацијата на комарците и заштита на јавното здравје“, се наведува во соопштението.

Акцијата се спроведува според годишната програма за дезинсекција, обврските од Законот за заштита на населението од заразни болести и елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Од Градот потсетуваат дека досега во текот на сезоната веќе беа спроведени повеќе координирани третмани во согласност со утврдената динамика:

  • Против ларви: со авион (на 7 мај, 11 јуни и 10 јули) и од земја (на 26 јуни и 23 јули).
  • Против возрасни комарци: со авион (на 1-2 јуни и 27-28 јуни) и теренски од земја (на 18-20 јуни и 13-15 јули).

Градските власти апелираат до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства за време на најавеното авионско прскање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни