Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување
Фото: 4news.mk

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоците поврзани со непропуштање возила со првенство на минување.

При контролата преземени се вкупно 43 мерки за овој вид сообраќаен прекршок.

За време на акцијата санкционирани се и 123 други видови сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни