Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со граѓаните.
И овојпат беше забележан значителен интерес од страна на жителите на Општина Карпош, поради што “Отворениот ден“ траеше до 18:00 часот.
Повеќе од 120 граѓани ја искористија можноста за директна средба со градоначалникот Сотир Лукровски и со раководителите на општинските сектори, при што ги презентираа своите предлози, прашања, иницијативи и барања.
Преку ваквиот формат на директна комуникација, граѓаните имаат можност непосредно да ги посочат предизвиците со кои се соочуваат, да ги претстават своите потреби и да добијат конкретни информации и одговори од надлежните општински служби.
Општина Карпош останува посветена на транспарентна, отворена и двонасочна комуникација со граѓаните, со цел нивните предлози и потреби да бидат активно земени предвид во процесот на носење одлуки и креирање политики од локално значење.
И во наредниот период ќе продолжи практиката на организирање вакви директни средби со граѓаните, со цел дополнително зајакнување на соработката, навремено постапување по нивните барања и создавање пофункционална, поуредна и поквалитетна локална заедница.