Директорот на Центарот за управување со кризи, г. Мухамет Али, веднаш по добиената дојава за пожарот во реонот на Лешница кај Тетово, лично излезе на терен со цел да ги координира активностите на надлежните институции за локализирање на пожарот.
Во целосна координација со сите надлежни институции, на терен интервенираа два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипите на Територијалната противпожарна единица – Тетово, кои работеа непрекинато и со максимална посветеност.
Благодарение на брзата, професионална реакција и координацијата на сите надлежни служби, пожарот е локализиран, а екипите остануваат на терен за следење на состојбата и целосно гаснење на преостанатите жаришта, со цел да не дојде до негово повторно активирање.
Директорот на Центарот за управување со кризи, г. Мухамет Али, апелира до сите граѓани во наредните денови да бидат максимално внимателни, да не палат оган на отворен простор и секоја појава на чад или пожар веднаш да ја пријават на единствениот број за итни случаи 112.