Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава
Thermometer in the sky, the heat

Топлото и стабилно време продолжува и во наредниот период, а метеоролозите најавуваат сончеви денови со многу високи температури низ целата земја.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопскиот регион се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Од УХМР информираат дека под влијание на топла воздушна маса која продира од југ, во текот на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност.

Дневните температури ќе бидат над 32 степени Целзиусови низ целата држава, а во одредени подрачја се очекува да надминат и 40 степени. Топлото време ќе се задржи и во текот на ноќните часови, соопштуваат метеоролозите.

Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни во периодите со највисоки температури, особено хронично болните, постарите лица и најмалите деца.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни