Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари на отворен простор и шумски пожари.

Кризната состојба ќе трае 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година, со цел да се обезбеди навремено и координирано постапување и да се мобилизираат сите расположливи институционални капацитети за заштита на населението, имотот и природните ресурси.

Ќе биде активиран Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе заседава континуирано и во рок од 24 часа треба да подготви акциски план за превенција и справување со пожарите.

Владата ги задолжи сите органи на државната управа да ги стават на располагање своите човечки и материјално-технички ресурси и да постапуваат согласно прописите за управување со кризи, за да се обезбеди навремена и ефикасна реакција на терен.

Одлуката следува во услови на најавен топлотен бран со температури над 40 степени, поради што надлежните апелираат за зголемена претпазливост и строго почитување на мерките за заштита од пожари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни