Македонија

Цената на бензинот паѓа, на нафтата се зголемува – од полноќ нови цени на бензинските

Цената на бензинот паѓа, на нафтата се зголемува – од полноќ нови цени на бензинските

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,806%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,930% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,787%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 95                             91,00  (денари/литар)

Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 98                             93,00  (денари/литар

Дизел гориво                    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       99,50  (денари/литар)

Масло за горење             Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                         98,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                      46,419 (денари/килограм)

Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 ден/кг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни