Денес во Велес, со високи државни почести, до неговото вечно почивалиште беше испратен д-р Никола Стојановски — првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на Македонија, последен жив партизан учесник во Народноослободителната борба (НОБ) и претседател на Сојузот на борците.
Од д-р Стојановски, кој почина во 103. година од животот, со длабока почит се простија неговото семејство, соборците, колегите и бројни граѓани. Тој беше човек со голем углед во општествениот и политичкиот живот, кој зад себе остави неизбришлива трага како лекар-педијатар, долгогодишен директор на Велешката болница и еден од клучните актери во конституирањето на македонската демократија во 1991 година.
Од Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ (1941-1945) соопштија дека во негова чест ќе одржат комеморативна седница, а датумот и денот на одржување ќе бидат дополнително објавени.
„Нека ти е вечна славата, претседателе!“, порачаа со длабоко сочувство од Сојузот на борците.