Свет

Во Германија приведен 31 годишен Македонец, полицијата објави детали

Во Германија приведен 31 годишен Македонец, полицијата објави детали

Припадници на германската Сојузна полиција вчера (5 август) откриле двајца мажи кои нелегално влегла во Германија преку пристаништето Росток, пристигнувајќи со траект од Шведска и Данска.

Станува збор за 31-годишен македонски државјанин и 25-годишен државјанин на Сирија.

Детали за случаите:

  • Македонскиот државјанин (31): При контролата било утврдено дека го пречекорил дозволениот престој во Шенген-зоната за 16 дена, со што не ги исполнувал условите за влез во Германија. Согласно Уредбата (ЕУ) 2018/1806, граѓаните на Северна Македонија имаат право на престој во Шенген-просторот од најмногу 90 дена во кој било период од 180 дена.
  • Сирискиот државјанин (25): Првично се движел кон Данска, но данските власти му го одбиле влезот и го вратиле назад за Германија. Германската полиција констатирала дека тој поседува дозвола за престој која во моментот му важи исклучително само за Шведска.

Преземени правни и мерки за депортација

Сојузната полиција во Росток започна кривична постапка против двете лица поради сомнение за нелегален влез и нелегален престој:

  • На македонскиот државјанин му е изречен рок во кој е должен самостојно да ја напушти Германија.
  • За сирискиот државјанин полициските служби веднаш покренаа и спроведоа постапка за редемисија (враќање) во Шведска.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни