Балкан

Туристи реагираат: Во 7:20 плажите во Полихроно „резервирани“ со пешкири и столчиња – местата зафатени, луѓето ги нема

Туристи реагираат: Во 7:20 плажите во Полихроно „резервирани“ со пешкири и столчиња – местата зафатени, луѓето ги нема

Рано утринава, уште во 7:20 часот, на плажите во Полихроно, Грција, веќе биле поставени пешкири и столчиња и чадори, иако самите плажи во тој се празни.

Фотографиите се објавени во Facebook групата „Грчка инфо“, со краток опис: „Добро утро од Полихронo. Во 7:20 нема место на плажа.“

Снимките покажуваат интересна глетка – целата плажа е „зафатена“ со пешкири и столчиња, но без туристи на нив.

Објавата привлече голем број коментари и реакции од туристите, кои повторно го отворија прашањето за оставањето пешкири и лични предмети на плажите со цел да се „резервира“ место, иако тие во моментот не се користат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни