Македонија

Времето денеска: Пекол до 40 степени, но спремете се и за чадори

Времето денеска: Пекол до 40 степени, но спремете се и за чадори

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Во попладневните часови особено во северните делови, ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендот и во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време со појава на мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни