Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите во Грција, отворени се дежурните телефони

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите во Грција, отворени се дежурните телефони

До овој момент од надлежните грчки институции не е добиена официјална информација за точниот број на евакуирани македонски државјани од подрачјата зафатени со големите шумски пожари во Грција, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).

Според информациите од Генералниот конзулат во Солун, повеќе македонски државјани веќе се обратиле телефонски до претставништвото за информации и поддршка. Притоа, на сите им биле пренесени насоките и упатствата издадени од надлежните грчки служби за заштита и спасување.

Од МНРиНТ нагласуваат дека преку дипломатско-конзуларното претставништво во Солун непрекинато и внимателно се следи развојот на состојбата на теренот.

За сите дополнителни информации или за потреба од итна асистенција, на располагање на граѓаните им се следниве контакти:

  • Дежурен телефон на МНРиНТ во Скопје: +389 75 268 736
  • Електронска адреса: globalsos@mfa.gov.mk
  • Дежурни телефони на Генералниот конзулат во Солун:
    • +30 694 526 8068
    • +389 71 323 001

Министерството упати апел до сите македонски државјани кои во моментот се наоѓаат во регионите засегнати од пожарите, внимателно да ги следат сите информации, строго да ги почитуваат упатствата на локалните грчки власти и да ги следат пораките упатени преку системот за итни случаи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни