Македонија

4 активни пожари низ Македонија

4 активни пожари низ Македонија

Центар за управување со кризи: Информација за пожарите на отворен простор на територијата на државата до 13:00 часот

На ден 16.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 4 пожари, под контрола се 3 пожари, а изгаснати се 2 пожари.

Активни пожари – 4:
Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума).
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општини Велес и Зелениково: с. С’лп, м.в. Горно Село, општина Велес, проширен кон селата Добрино и Тисовица, општина Зелениково (ниска вегетација, шума од даб и габер и квалитетна дабова шума).
Општини Јегуновце и Сарај: села Копанце и Туденце, општина Јегуновце, проширен кон с. Бојане, општина Сарај (мешана шума).

Пожари под контрола – 3:
Општина Крушево: с. Алданци – с. Норово (ниска вегетација и нискостеблеста деградирана дабова шума).
Општина Крива Паланка: с. Конопница (бор, ниска вегетација и грмушки).
Општина Крушево: с. Борино – с. Житоше (ниска вегетација и деградирана дабова шума).

Изгаснати пожари – 2:
Општина Студеничани: с. Пагаруша (дива депонија).
Општина Охрид: кај православните гробишта (дрва).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни