Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му ја одзема поддршката на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, приклучувајќи се кон сè поголемиот број национални сојузи кои му го вртат грбот на првиот човек на светскиот фудбал.
Иако Инфантино уживаше речиси целосна поддршка пред Светското првенство, низата скандали на Мундијалот и контроверзниот предлог за „продажба на фудбалот“ предизвикаа сериозен револт.
По реакцијата на УЕФА, КОНМЕБОЛ и Азиската фудбалска конфедерација, бран незадоволство зафати и поединечни федерации, меѓу кои и македонската.