Свет

Несреќа во Унгарија, загинаа 12 лица – уапсен возачот на автобусот

Несреќа во Унгарија, загинаа 12 лица – уапсен возачот на автобусот

Судот во Мишколц му одреди 30-дневен притвор на 62-годишниот возач на автобусот што слета од автопатот М3 во Унгарија. Во тешката сообраќајна несреќа загинаа 12 лица, а 57 патници и двајца возачи беа повредени додека се враќаа од аџилак во Меѓугорје.

Според првичните резултати од istragата, се сомнева дека возачот кратко заспал зад воланот, по што автобусот излетал од патот и се превртел во канал. Против него е покрената постапка за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици од небрежност, за што му се заканува казна затвор до осум години. Одбраната бараше благи мерки на надзор, но судот го прифати барањето на обвинителството поради опасност од бегство и попречување на истрагата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни