Државната агенција „Национална безбедност“, Комисијата за регулирање на комуникациите и Дирекцијата на МВР на Софија лоцирале и неутрализирале моќен уред за заглушување на GPS-сигналот на територијата на Софија, вклучително и на аеродромот, кај авионите што прелетуваат над главниот град и кај телевизиските кули.
Уредот бил пронајден во строго обезбеден комплекс во софиската населба „Драгалевци“.
Според неофицијални информации, локацијата, каде што се наоѓа познат ресторан, се поврзува со имињата на Христофорос Аманатидис, познат по прекарот Таки, и Размиг Чакарјан-Ами.
Од прес-службата на аеродромот „Васил Левски – Софија“ за БТА соопштиле дека работата на аеродромот не била засегната од откриениот моќен уред за заглушување на GPS-сигналот и дека летовите се реализираат според предвидениот распоред.