Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за оризопроизводителите, порача претседателот на  СДСМ, д-р Венко Филипче на средба со земјоделците и оризопроизводителите од Кочанско којашто се одржа во село Грдовци.


„Многу проблеми се накалемуваат. Владата нема никаква волја да излезе во пресрет на земјоделците. Гледате, само половични најави. Се е лага. Видовме дека се им е лага. Пиперките најавија по 40 денари а по 20 денари ги откупуваат. Луѓето знаат дека во наше време по 50 денари кило било. Така е со оризот, така е со млекото, така е со пченицата, така е со лозарите. Така беше лани, дадовме предлог, не го прифатија. Ама веќе се наталожуваат многу проблеми. Не е еден. Сега ние се бориме да стигнеме за цени откупни во земјоделството или да се како во наше време а најмалку 30% се зголемени трошоците. Нема пари за земјоделците, нема во економијата, нема пари за поврат на ДДВ, не можат фирмите да се раздолжат, кризата само се продлабочува.“ рече Филипче.


Претседателот Филипче најави дека СДСМ ќе излезе во пресрет на барањата на земјоделците и заедно со пратениците и информациите од земјоделците од оваа средба ќе поднесе конкретни законски решенија во Собранието.


„Ние сме тука да излеземе со конкретни предлози. Не знам како ќе реагира владата, јас лично мислам нема да направат ништо ама суштината е да се бориме. Да им покажеме на луѓето дека имаме предлози, имаме идеи. Ќе предложиме закони во Собранието, за субвенциите, за откупните цени„ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на средбата со земјоделците во Кочанско.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни