Петчасовно доцнење на нискобуџетен лет од Ханија за Солун предизвика вистински хаос, инциденти и медицински интервенции на аеродромот „Даскалојанис“.
Летот со авион „Боинг 737“, во кој имало 183 патници, требало да полета во 16:40 часот. Поради технички дефект забележан за време на рулањето по пистата, пилотот се вратил на паркинг-позицијата. И покрај повеќечасовниот преглед од страна на техничарите, вториот обид за полетување повторно покажал дефект на инструментите.
Патниците останале затворени во авионот речиси пет часа. Тaму дополнително ги револтирала информацијата дека мора да платат доколку сакаат вода. Кога конечно било дадено одобрение за полетување, во кабината избила паника:
- Неколку патници одбиле да летаат и барале веднаш да излезат.
- Една жена се онесвестила, а друга добила напад на паника, поради што интервенирала и полицијата.
- Вкупно 25 патници го напуштиле летот. При превозот со автобус, една патница ја повредила ногата и со брза помош била пренесена во болница.
Авионот конечно полетал за Солун во 21:50 часот со преостанатите патници, по петчасовна драма и изразено незадоволство.