Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете и возрасен, во нападот учествувал и неговиот малолетен брат

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете и возрасен, во нападот учествувал и неговиот малолетен брат

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое постои сомнение дека сторило кривичнo делo – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот полнолетник.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни