Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците, огнот се шири кон Серта

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците, огнот се шири кон Серта

Силниот ветер попладнево го разгоре пожарот во близина на штипското село Селце, ставајќи под директна закана голем број викендици во оваа област. Поради ова, на терен се мобилизирани дополнителни сили на пожарникари и доброволци.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, линијата на огнот во моментов е стопирана и ситуацијата е ставена под контрола, со соодветна покриеност на сите критични точки.

Ангелов посочи дека на загрозената локација има голем број викендици, споредливи со цело македонско село.

Главниот ризик во моментов е ширењето на пожарот во правец кон планината Серта — регион каде речиси секоја година има тешки и комплицирани пожари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни